Светската недела на доење се одбележува секоја година од 1-7 август во чест на Декларацијата за невини во 1990 година. Светската недела на доење започна со одбележување во 1992 година, со годишни теми, вклучувајќи ги и здравствените системи, изработка на меѓународен кодекс за маркетинг за адаптирано млеко, поддршка од заедницата, екологија, економија, наука и образование како и човекови права.
Овогодинешното мото на Светската недела за доење е: Заштити го доењето. Сподели одговорност.
Темата оваа година е усогласена со тематските области од Светската недела на доење и Целите за одржлив развој 2030 година, што ги потенцира врските помеѓу доењето и преживувањето, здравјето и благосостојбата на жените, децата и нациите.
Доењето е камен темелник на преживувањето, исхрана и развој на новороденчињата, малите деца и придобивка за здравјето на мајката. Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење за првите 6 месеци од животот потоа се препорачува доенчињата да започнат да јадат безбедна и соодветна комплементарна храна и да се продолжи со доење до 2 години и повеќе. Ран и непрекинат контакт кожа на кожа, кенгур метод, како и престој во иста соба на мајка и бебе исто така значително влијае на преживувањата кај новороденчињата со тоа и се намалува стапката на морталитетот.
Светската недела на доење оваа година се фокусира на тоа како доењето придонесува за преживување, здравје и благосостојба и на мајката и на новороденчето и императивот да се препознае благодетот од доењето насекаде низ светот.
(1)
Секое новороденче и дете има право на добра исхрана според ״Конвенцијата за правата на детето״. Неисхранетоста е поврзана со 45% од смртните случаи кај децата.
На глобално ниво во 2020 година, се проценува дека 149 милиони деца под 5 години биле помали за својата реална возраст.
Доењето е нај ефикасен начин да се обезбеди здравје кај децата и причина број еден за да се зголеми стапката на преживување кај новороденчињата. Сепак 2 од 3 новороденчиња не се доени до 6тиот месец само со мајчино млеко. Оваа стапка нема позитивни промени 2 децении.
820 000 деца во светот може да бидат спасени годишно ако сите деца од 0-23 месеци оптимално се дојат.
Само 41% од новороденчињата под 6 месеци се на ексклузивно доење.
Мајчиното млеко е идеална храна за доенчиња тоа е сигурен и чист начин на исхрана кој воедно содржи и антитела кои му помагаат на новороденчето да се заштити од многу вообичаени детски болести. Мајчиното млеко ја обезбедува сета енергија и хранливи материи што му се потребни на доенчето за првите месеци од животот и продолжува да обезбедува до половина или повеќе од нутритивните потреби на детето во текот на втората половина на првата година и до една третина во текот на втората година од животот. Децата кои се дојат, во иднина подобро се справуваат со тестовите за интелегенција, поретко имаат прекумерна тежина или пак се дебели, и се помалку склони на дијабетес во подоцнежните години. Жените кои дојат исто така имаат намален ризик од карцином на дојка и јајници. Несоодветниот маркетинг за замена на мајчиното млеко продолжува да ги поткопува напорите за подобрување на стапките и времетраењето на доењето во светот.
Индустријата за замена на мајчино млеко е многу ефикасна во таргетирање на нови родители. За време на COVID-19 пандемијата, секаде во светот се забележуваат прекршувања од страна на маркетингот поврзан со заменa на мајчино млеко и прекршувањата се во пораст.(1)
Владите мора да одговорат на маркетингот и замената на мајчиното млеко со промоција на доење и поддршка за да се осигураат дека новите родители имаат доволно информации со цел формирање и донесување на правилна одлука.Сите родители со мали даца треба да имаат пристап до квалификувано советувалште за доење, поддршка од здравствените установи, од своите работни места и поддршка од заедницата.Потребен е јавно здравствен пристап за доењето со цел градење на подобри системи за нормални и кризни состојби.(3)
Состојба со здравјето на мајки и деца во Република Северна Македонија
Здравјето на мајките и децата како категорија се издвојува посебно бидејќи се смета дека се едни од нај ранливите групи во општеството.Според податоците од Информацијата за здравствената состојба на мајките и децата која на годишно ниво се изготвува од страна на Заводот за здравствената заштита на мајките и децата, Република Северна Македонија во изминатата декада покажува континуиран прогрес во унапредувањето на здравјето на мајките и децата мерено преку основните индикатори поврзани со безбедното мајчинство, со повремени варијации на трендот.
Табела 1. Основни индикатори поврзани со безбедно мајчинство (2012-2019)
Индикатори | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Број на живородени деца
|
23568 | 23138 | 23596 | 23075 | 23022 | 21754
|
21333 | 19845 |
Матернална смртност (на 100.000 живородени) | 4.2 | 4.3 | - | - | - | -
|
- | - |
Перинатална смртност (на 1000 родени) | 12,8 | 14.3 | 12.7 | 12.9 | 16.0
|
14.8
|
10.4 | 9.9 |
Доенечка смртност (на 1000 живородени) | 9,8 | 10.2 | 9.9 | 8.6 | 11.9
|
9.2
|
5.7 | 5.6 |
Смртност на деца под 5 години (на 1000 живородени) | 11,0 | 11.3 | 10.7 | 9,7 | 13.1 | 10.4
|
6.8 | 6.9 |
% на живородени со ТТ под 2500 грама | 7,2 | 7.4 | 7.2 | 7,6 | 8.2
|
8.5
|
8.0 | 8.1 |
Стапка на породени со стручна помош | 99,7 | 99,8 | 99,9 | 99,9 | 99.9
|
99.9
|
99.9
|
99.98 |
Стапка на абортуси (на 100 живородени) | 23,4 | 21.5 | 20.1 | 19.9 | 18.5
|
19.5
|
18.7 | 19.0 |
Доенечката смртност (смртност на децата од 0-12 месеци) е комплексен индиктор кој е под влијание на многу фактори како: социо-економски (степен на образование на мајката, статус на вработеност, висина на приходи), демографски (возраст на мајката, место на живеење), фактори од страна на здравствениот систем (достапност и квалитет на здравствена заштита-географска, финаниска), животни стилови на мајката (пушење, алкохол, исхрана, физичка активност, услови на работно место), повеќеплодна бременост, недоволна информираност на мајката, особено на младите итн.
Стапката на доенечка смртност во Р.С. Македонија има надолен тренд во периодот 2000-2019 година, но со повремени осцилации. Во 2019 година изнесуваше 5,6 на 1000 живородени и е повисока од просекот во ЕУ. Во однос на структурата на смртност, во изминатите години најголем дел се должи на рана неонатална смртност (во првите 6 дена од раѓањето), додека како медицинска причина за смрт најчести се недоносеноста/предевременото раѓање и конгениталните аномалии.(2)
Графикон 1.Стапка на доенечка смртност на 1000 живородени во Р.С. Македонија, (2000-2019)
Безбедно доење за време на COVID -19 пандемија
Недостигот на докази за пренесување на COVID-19 преку мајчиното млеко на почетокот на пандемијата резултирање со загрижености над безбедноста на доењето.Светската здравствена организација (СЗО) и останатите национални здравствени тела имаат последователно изјави дека доењето треба да се продолжи и да се препорача мерка на претпазливост за сомнителни случаи на COVID-19. Клиничките испитувања за вакцините COVID-19 кои во моментов се овластени за употреба под овластување за итна употреба во САД не вклучуваат доилки. Бидејќи вакцините не се испитувани на лица кои дојат нема достапни податоци за :
- Безбедност на вакцините COVID-19 кај доилки;
- Ефекти од вакцинација кај бебиња кои се доени;
- Ефекти врз производството или излачување на мелкото.
Врз основа на тоа како вакцините делуваат на организмот, се смета дека вакцините за COVID-19 не претставуваат ризик за доилките и бебињата.Затоа препорака е доилките да ја примат вакцината против COVID-19. Неодамнешните извештаи покажаа дека луѓето кои дојат и примиле вакцина против COVID-19 имаат антитела во мајчиното млеко, што може да помогне во заштита на нивните бебиња.Потребни се повеќе податоци за да се утврди каква заштита можат да обезбедат овие антитела за бебето.(4) Сепак некои земји имаат контрадикторни национални упатства. Здравствените системи треба да создадат политика заснована на докази, бидејќи веќе е познато дека COVID-19 не се пренесува преку мајчиното млеко и придобивките ги надминуваат ризиците. Новите родители исто така не беа во можност да добијат пристап до здравствените институции за поддршка при доење поради пренасочување на услугите кон управување со COVID-19.(5)
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА :
- org.my/wbw/,[homepageontheInternet]World breastfeeding week (wbw),evolution of the campaign,2021
- Извештај за здравјето на населението во Република Северна Македонија во 2019, Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје,2020 стр.88.
- who.int, [homepageontheInternet], Breastfeeding, 2021, Accessed: 09.07.2021
- cdc.gov, [homepageontheInternet], COVID-19 Vaccines While Pregnant or Breastfeeding, Accessed: 10.07.2021
- org, [homepageontheInternet],Breastfeeding during the COVID-19 pandemic, Accessed: 12.07.2021