Во периодот од 16-22.11.2019 година, пријавен е еден сомнителен случај на мали сипаници, кој по направеното епидемиолошко истражување е отфрлен.
Заклучно со 22.11.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката останува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.
Сé уште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.
Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави.
Во тек на 46-та недела во државата вакцинирани се вкупно 642 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 43.956 (во прикажаниот вкупен број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина).
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.301 доза на вакцина, од нив повеќе од 60% кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти на заболени и лица над 14 годишна возраст.
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
ИЈЗ Скопје
22.11.2019