1. Што претставуваат интрахоспиталните инфекции? – Според СЗО, интрахоспиталните инфекции се дефинираат како: ,,Инфекции стекнати во болница, кај пациенти кои биле примени во болничка установа поради друга причина. За време на хоспитализацијата, пациентите немале знаци на инфекција, или биле во фаза на инкубација. Во интрахоспиталните инфекции се вклучени и инфекциите стекнати во болница, кои се јавуваат после испуштањето од болница, како и инфекциите кај здравствениот персонал.” Тие се предизвикани од бактерии, вируси и габи и најчесто причинуваат воспаление на белите дробови и дишните патишта, уринарни инфекции, инфекции на рани и др. Интрахоспиталните инфекции се јавуваат кај 1 од 10 пациенти. Тоа е медицински, етички и економски проблем!
  2. Како да обезбедиме подобро здравје во болница? – За да се успее да се намали овој проблем, треба сериозно да се пристапи кон него, бидејќи 1/3 од интрахоспиталните инфекции може да се спречат!  (Извор: СЗО)
  3. Препораки:

3.1  За болничката установа:

  • Достапност на средства за дезинфекција.
  • Редовна дезинфекција на болничките простории, медицинскиот прибор и апарати.
  • Почитување на протоколот за хоспитална култура на Министерството за здравство. (http://zdravstvo.gov.mk)
  • Почитување на термините за посета на пациенти.
  • Правилна селекција и диспозиција на отпад.

 

3.2 За здравствените работници:

  • Правилно и редовно миење, како и дезинфекција на рацете.
  • Правилно носење и менување на заштитните средства – маски, ракавици, униформи, каљачи, капи, наочари и др.
  • Да не се користат истите заштитни средства, во и надвор од болничката установа.
  • Рутински санитарни прегледи на здравствениот персонал.
  • Редовна едукација на сите здравствени работници.
  • Рано откривање, изолирање и лечење на пациенти со интрахоспитална инфекција.

 

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести