На 20 март секоја година, светот треба да се обедини за да помогне во намалувањето на товарот на болестите на устата, кои влијаат на поединците, здравствените системи и економиите насекаде

Светскиот ден на оралното здравје има за цел да го подигне знаењето кај луѓето, преку одредени активности и зголемена доверба, за да  обезбеди добро орално здравје.

oralno zdravje

Оралните болести негативно влијаат на луѓето во текот на нивниот живот и претставуваат  најголема здравствена грижа за многу земји. Оралните болести доведуваат до болка и непријатност, социјална изолација и губење на самодовербата, и тие честопати се поврзани со други сериозни здравствени проблеми.

Светскиот ден на оралното здравје е насочен кон:

  • поединци, за да преземат активности кон унапредување на своето орално здравје;
  • училишта и младински групи за да обезбедат активности кои ќе овозможат едукација во врска со оралното здравје;
  • професионалци за орално здравје и пошироката здравствена заедница за да ги едуцираат популациите за кои работат;
  • владите и креаторите на политики да се залагаат за подобро орално здравје за сите.

Светскиот ден на оралното здравје е иницијатива на Светската стоматолошка федерација (FDI World Dental Federation), организација која го обединува светот на стоматологијата со цел да се постигне оптимално орално здравје за секого со  подигање на свеста за важноста на доброто орално здравје и неговата витална улога во обезбедувањето на целокупното здравје и благосостојба.

Преку обезбедување на најнови информации и знаења во стоматологијата и споделување на најдобрите практики за оралното здравје треба да се постигне подобрена превенција, третман и контрола на болести на устата.

Притоа овозможувањето на  безбедна, транспарентна и квалитетна услуга за пациентите е јасно наведен приоритет за стоматолошки тимови ширум светот.

За подобрување на квалитетот во давање на услуги, во рамките на Проектот за квалитет во стоматологијата (Quality in Dentistry Project, 2019),  FDI неодамна го објавија Пакетот со активности за подобрување на квалитетот во давање на услуги, со што треба да се поддржат стоматолошките тимови во нивната работа при обезбедување на конзистентна и квалитетна нега. Овој проект преку активности ги поттикнува стоматолошките тимови да прифатат сеопфатен пристап кон поимот „квалитет“ со оглед на социјалното и економското опкружување, организацијата на стоматолошката ординација и важноста на благосостојбата на пациентот и персоналот. Обезбедувањето на квалитетот бара силна институционална волја, соодветни структури, соодветни финансиски и човечки ресурси, висок стандард за обука на персоналот, како и соодветен финансиски надоместок.

FDI се потпира на индивидуална акција ширум светот за да се одржи Светскиот ден за орално здравје во секоја земја и да се создаде вистинско глобално движење. Од тие причини преку  индивидуална  локална експертиза треба да се  создадете свесност за подобро орално здравје во секоја заедница. Што и да се направи, колку и да е големо или мало, придонесува за подобрување на оралното здравје на популациите на глобално ниво.

Затоа Светскиот ден на оралното здравје се потпира на колективните активности од сите, што ќе допрат до целата популација и ќе шират важни пораки за орално здравје насекаде во светот.

Република Северна Македонија учествуваше преку кампања организирана од Македонската стоматолошка комора.

Македонската стоматолошка комора е член на Светската стоматолошка федерација (FDI World Dental Federation). Кампањата за орално здравје траеше од ноември 2019 година до јануари 2020 година во стоматолошка клиника.

Бидејќи недостасува свест за орална хигиена, ограничен пристап до стоматолошки услуги и страв од стоматолошки зафати во земјата, една од главните цели на кампањата беше да се подигне свеста, да се изгради доверба и да се олесни и стане попријатно одењето кај стоматолог.

Дваесет и три деца учествуваа во активности во кампањата за основните елементи и придобивките од одржувањето на добро орално здравје. За време на посетите, децата исто така научија за стоматолошки процедури и користеа материјали за Светскиот ден на оралното здравје, специјално изработени за деца.

.

Темата на кампањата на FDI за следните три години (2021-2023) испраќа едноставна, но моќна порака: Бидете горди на устата. Со други зборови, ценете го оралното здравје и грижете се за него. Оваа година, сакаме да инспирираме промени, фокусирајќи се на важноста на оралното здравје за целокупното здравје, бидејќи доброто орално здравје може да ви помогне да живеете подолг и поздрав живот. И, тоа е нешто за што вреди да се преземе  акција.

 

Работата за орално здравје на СЗО (WHO) е насочена кон зајакнување на рентабилно промовирање на оралното здравје широко во населението и орална здравствена заштита во рамките на системот за примарна здравствена заштита, особено кај популациите каде што пристапот до орално здравство е најограничен. СЗО во моментов спроведува тригодишена програма  (2019-2021), WHO Oral Health Programme (2019-2021), кој се состои од нормативнa работа и практична поддршка на земјите преку пет приоритетни активности. Главен приоритет е развојот на Глобалниот извештај за оралното здравје на СЗО (WHO Global Oral Health Report), што треба да започне во вториот квартал од 2021 година. Целта на политиката и носителите на одлуки е извештајот да го опише товарот, предизвиците и приоритетните активности за обновување на глобалната посветеност за подобрување на оралното здравје во рамките на незаразни болести и универзални агенди за здравствено покритие.

 

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести