Тутунот и здравјето на белите дробови

 

Секоја година, на 31 мај, Светската здравствена организација (СЗО) и глобалните партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун. Годишната кампања е можност за подигнување на свеста за штетните и смртоносни ефекти на употребата на тутун и изложеноста на чад од пасивно пушење и за обесхрабрување на употребата на тутунот во било која форма.

Во фокусот на Светскиот ден без тутун 2019 е ” Тутунот и здравјето на белите дробови”. Кампањата ќе ја зголеми свеста за:

  • негативното влијание што го има тутунот врз здравјето на белите дробови на луѓето, од рак до хронична респираторна болест,
  • фундаменталната улога на белите дробови за здравјето и благосостојбата на сите луѓе.

Кампањата, исто така, служи како повик за акција, застапувајќи  ефективни политики за намалување на потрошувачката на тутун и ангажирање на заинтересираните страни во повеќе сектори во борбата за контрола на тутунот.

Како тутунот го загрозува здравјето на белите дробови на луѓето ширум светот

Светскиот ден без тутун 2019 година ќе се фокусира на повеќе начини на кои изложеноста на тутунот влијае на здравјето на белите дробови во светот.

Тие вклучуваат:

Рак на белите дробови. Пушењето тутун е примарна причина за рак на белите дробови, одговорно за повеќе од две третини од смртните случаи на рак на белите дробови на глобално ниво. Втората изложеност на чад во домот или на работното место исто така го зголемува ризикот од рак на белите дробови. Откажувањето од пушењето може да го намали ризикот од рак на белите дробови: по 10 години од престанок на пушење ризикот од рак на белите дробови паѓа на околу половина отколку ризикот кој го има пушачот.

Хронична респираторна болест. Пушењето тутун е водечка причина за хронична опструктивна пулмонална болест (ХОББ), состојба во која натрупувањето на слузната мукоза во белите дробови резултира со болна кашлица и агонични тешкотии со дишењето. Ризикот од развој на ХОББ е особено висок кај лицата кои пушат во млада возраст, бидејќи чадот од тутун значително го забавува развојот на белите дробови. Тутунот, исто така, ја влошува астмата, што ја ограничува активноста и придонесува за попреченост. Престанок со пушење е најефективниот третман за забавување на прогресијата на ХОББ и подобрување на симптомите на астма.

Низ целиот живот. Доенчињата кои се изложени на  токсините од чад од цигари во утробата, преку пушење од страна на мајката или изложеноста на мајката на пасивно пушење, често го намалуваат растот и функцијата на белите дробови. Малите деца изложени на пасивно пушење се изложени на ризик од појава и егзацербација на астма, пневмонија и бронхитис и чести респираторни инфекции.

На глобално ниво, околу 165 000 деца умираат пред 5-годишна возраст од долно респираторни инфекции предизвикани од чад од пасивно пушење. Оние кои преживуваат, продолжуваат да страдаат од здравствените последици од изложеноста на чадод пушење, бидејќи честите респираторни инфекции во раното детство значително го зголемуваат ризикот од развој на ХОББ во зрелоста.

Туберкулоза. Туберкулозата (ТБ) ги оштетува белите дробови и ја намалува функцијата на белите дробови, што дополнително се влошува со пушењето тутун. Хемиските компоненти на чадот од тутун можат да предизвикаат латентни инфекции на туберкулоза, со која се заразени околу една четвртина од сите луѓе. Активната туберкулоза, соединета со штетните ефекти на здравјето на белите дробови од пушењето тутун, значително го зголемуваат ризикот од инвалидност и смрт од респираторна инсуфициенција.

Загадување на воздухот. Чадот од тутун е многу опасна форма на загадување на воздухот во затворен простор: содржи повеќе од 7 000 хемикалии, од кои 69 познати дека предизвикуваат рак. Иако чадот може да биде невидлив и без мирис, може да остане во воздухот до пет часа, ставајќи ги луѓето на ризик од рак на белите дробови, хронични респираторни заболувања и намалена функција на белите дробови.

 

Цели на Светската кампања без тутун 2019 година

Најефективната мерка за подобрување на здравјето на белите дробови е да се намали употребата на тутун и изложеноста на чад од пасивно пушење. Но, знаењата меѓу поголемиот дел на пошироката јавност, а особено кај пушачите, за импликациите за здравјето на белите дробови на луѓето од пушењето тутун и изложеноста на пасивно пушење е мала во некои земји. И покрај силните докази за штетите на тутунот врз здравјето на белите дробови, потенцијалот на контрола на тутунот за подобрување на здравјето на белите дробови останува потценет.

Кампањата Светски ден без тутун 2019 ќе ја подигне свеста за:

  • ризици од пушењето тутун и изложеноста на пасивно пушење;
  • свест за особените опасности од пушењето тутун по здравјето на белите дробови;
  • големината на смртта и болеста на глобално ниво од белодробни заболувања предизвикани од тутун, вклучувајќи хронични респираторни заболувања и рак на белите дробови;
  • евидентни докази за врската помеѓу пушењето тутун и смртноста од туберкулоза;
  • импликации од изложеност на пасивно пушење врз здравјето на белите дробови кај лицата од возрасни групи;
  • важноста за здравјето на белите дробови за постигнување на целокупното здравје и благосостојба;
  • остварливи акции и мерки кои клучните фактори, вклучувајќи ја и јавноста и владите, можат да ги преземат за да ги намалат ризиците за здравјето на белите дробови поставени од тутунот.

Темата за тутунот и здравјето на белите дробови има импликации за другите глобални процеси, како што се меѓународните напори за контрола на незаразни болести, туберкулоза и загадување на воздухот , односно за промовирање на здравјето. Таа служи како можност за вклучување на засегнатите страни во секторите и ги поттикнува земјите да го зајакнат спроведувањето на докажаните мерки за контрола на тутунот содржани во Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО.

Повик за акција

Здравјето на белите дробови не се постигнува само преку отсуство на болест, бидејќи  чадот од тутун има големи импликации за здравјето на белите дробови на пушачите и непушачите на глобално ниво.

Со цел да се постигнат Целите за одржливиот развој- за една третина намалување на прераната смртност од незаразни болести до 2030 година, контролата на тутунот мора да биде приоритет за владите и заедниците низ целиот свет. Во моментов, светот не е на пат да ја исполни оваа цел.

Земјите треба да одговорат на епидемијата на тутун преку целосна имплементација на Конвенцијата на СЗО и со усвојување на мерките “MPOWER”(мониторинг, заштита, понуда, предупредување за штетностите, зајакнување на забрана за рекламирање и промоција и зголемување на даноци) на највисоко ниво на постигнување, кое вклучува развивање и спроведување на најефикасните политики за контрола на тутунот насочени кон намалување на побарувачката за тутун.

Родителите и другите членови на заедницата, исто така, треба да преземат мерки за промовирање на сопственото здравје и здравјето на нивните деца, со тоа што ќе ги заштитат од штетите предизвикани од тутунот.

ПОСТЕР-Светски ден без тутун 2019: Избери здравје, не тутун  (pdf)

 

(постер – Албанска верзија)