ВОВЕД

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, Кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на пневмонии со непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција вклучуваат температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман, слично како за најголем број од вирусите. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 18.03.2020, пријавени се вкупно 48 случаи на COVID-19.

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 4 градови, Дебар (n=27), Скопје (n=19), Штип (n=1) и Гостивар (n=1).

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 23 лица од машки пол и 25 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1:1,1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 2,2/100.000 жители, додека кај женските изнесува 2,4/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 4 до 87 години (просек – 47,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 50 години – 24 (50,0%), а највисока инциденца од 3,7/100.000 жители се регистрира кај лицата на возраст над 60 години (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=48)

korona 11111

Во однос на датумот на лабораториско дијагностицирање, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=48)

korona 22222

 

Од пријавените случаи, 19 или 39,6% биле хоспитализирани, а 29 случаи се во домашна изолација, асимптоматски или со лесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (83,8%), температура (75,7%), треска (37,8%) и слабост (37,8%), а 11 лица се без симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата.

Во однос на коморбидитети, кај 16 лица се присутни хронични здравствени состојби, од кои 8 лица имаат кардиоваскуларна болест, по 2 лица се со дијабет, хронична бубрежна болест и хипотироидизам и едно лице е со хронична белодробна болест.

Регистрирани се 6 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 47 лица се активни случаи, а еден случај е испишан од болница со излечена болест.

Од вкупниот број на случаи, 12 се импортирани, од кои за 2 има податок за контакт со потврден случај на COVID-19 за време на нивниот престој во странство. Само едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

Од позитивните случаи, регистрирани се 410 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 30 случаи со локална трансмисија.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 18.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 191.127 (15.123 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 7.807 (786 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 74.760 (10.911 нови)
    • Смртни случаи – 3.352 (604 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 91.845 (312 нови)
    • Смртни случаи – 3.357 (23 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 74.760 (10.911 нови)
    • Смртни случаи – 3.352 (604 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 538 (63 нови)
    • Смртни случаи – 9 (1 нов)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 18.060 (1.552 нови)
    • Смртни случаи – 1.010 (140 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 4.979 (2.243 нови)
    • Смртни случаи – 68 (18 нови)
  • Афрички Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 233 (42 нови)
    • Смртни случаи – 4 (нема нови)

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

 

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на дежурните телефони на АЛО ДОКТОРЕ, ЦЈЗ или ИЈЗ.

 

Доколку имате дополнителни прашања во врска со болеста може да се јавите на следните телефонски броеви:

 

ЦЈЗ Битола                 071 261 330

ЦЈЗ Велес                   071 219 278

ПЕ Гевгелија              078 545 444

ЦЈЗ Кочани                 071 373 913

ЦЈЗ Куманово                        070 215 851

ЦЈЗ Охрид                  070 723 029

ЦЈЗ Прилеп                 076 475 747

ЦЈЗ Скопје                  071 289 614

ЦЈЗ Струмица             072 235 543

ЦЈЗ Тетово                  075 240 464

ПЕ Гостивар               076 365 161

ЦЈЗ Штип                    078 365 613

ИЈЗ Скопје                  078 387 194

ЗД Ало докторе          02/15 123

 

 

 

 

 

Скопје, 19.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје