Во текот на 42ата недела од 2021 година (од 18-24.10.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 15 случаи (I=0,7/100.000) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона и просекот.

Заболените лица се регистрирани во Охрид – 14 и Дебар – 1, 11 се од возрасната група од 15-64, а по 2 од нив се од возрасните групи од 5-14 и над 65 години.

 

Кумулативно, од почетокот на сезоната, пријавен е 21 случај на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. Од нив, 14 се од Охрид, 6 од Гостивар и еден до Дебар. Според возрасната дистрибуција, најголем дел од пријавените (13) се на возраст од 15-64 години.

 

Во текот на 42-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 224 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 6 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19 и истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.

Досега е пристигнат 451 материјал паралелно тестирани за грип и COVID-19 и сите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот

 

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 41-ва недела 2021 година, активноста на вирусот на грип е на ниско ниво, а во Хрватска и Киргистан се регистрира рано зголемување на активноста како резултат на инфекции со A(H3).

Спорадично е детектиран вирусот на грип кај примероци од лица со респираторни заболувања кои се јавуваат на медицинска нега што е минимално зголемување во споредба со претходната недела. Откриени се Influenza A и B, при што преовладува подтипот А(H3).

 

 

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје