Оваа лабораторија е единствена од ваков вид во РМ.
Во лабораторијата се вршат испитувања на:
- Здравствена исправност на материјали и производи наменети дадојдат во контакт со прехрамбените производи, кои мораат да исполнуваат општи и посебни услови, така да не влијаат на квалитетот и безбедноста на храната и да не го загрозуваат здравјето на потрошувачите,
- Испитувања на здравствената исправност на материјали и производи наменети дадојдат во контакт со кожа и слузокожа,
- Испитување на безбедност и здравствена исправност на детски играчки.
Поделба на материјалите и проиводите, кои се тестираат во нашата лабораторија:
- Садови и прибор за приготвување и чување на животните намирници, изработени од:
- Метал
- Пластика
- Керамика
- Стакло
- Хартија
- Дрво
- Текстил и др.
- Амбалажа за животни намирници, изработена од горенаведените материјали;
- Детски играчки од сите материјали;
- Средства за одржување на личната хигиена;
- Средства за одржување на хигиена во домаќинство;
- Прибор за мали деца и доенчиња;
- Пластични гранулати;
- Делови од машини;
- Други производи
Испитувањата се изведуваат согласно постојната национална законска регулатива која се однесува на предметите за општа употреба и детски играчки, како и најновите ЕУ Регулативи, Директиви и ЕУ Водичи.
Од парметрите кои се тестираат на поедини видови на предмети се:
- Вкупна миграција на органски и неоргански супстанции,
- Специфична миграција на 9 метали,
- Специфична миграција на примарни ароматични амини,
- Испуштање на боја во тест раствор,
- Тестирање на механички и физички својства на детските играчки,
- Органолептички испитувања и определување на квалитет на предметите.
Оваа лабораторија е акредитирана, согласно стандардот ISO/IEC 17025.
Одговорно лице: Д-р.сци. Евгенија Кироска-Петреска – специјалист по санитарна хемија