• 21.05.2025

Работилница за заедничка проценка на ризикот за приоритетните Зоонотски заболувања


 На 21ви мај 2025 година во Скопје, во соработка со СЗО, ФАО и Европската комисија, се одржа работилница за проценка на ризикот од приоритетни зоонотски заболувања. Овој настан, отворен од директорката на Институтот за Јавно Здравје, Науч. сор. д-р Марија Андоновска, стави акцент на важноста на интегрираниот пристап „Едно здравје“ за справување со заболувањата што се пренесуваат од животни на луѓе. Работилницата собра експерти од здравствените, ветеринарните и еколошките сектори кои заедно дефинираа ризични патишта и мерки за управување со ризиците од салмонелоза, западно-нилска треска и листериоза.