• 02.06.2025

Подобрени здравствени услуги: Нови реконструкции, апарати и проширени сервиси во служба на граѓаните


 

Во насока на подобрување на здравствените услуги и создавање поквалитетни услови за пациентите, реализирани се повеќе значајни проекти и новини во здравствениот систем.

Целосно е обновено одделението за систематски прегледи и медицина на труд, како и приемното одделение за земање биолошки примероци. Со овие реконструкции се обезбедува поудобен, побезбеден и поефикасен пристап до здравствена грижа за сите пациенти.

Во функција е ставен и новиот апарат COMET Х-80, набавен од реномираната американска компанија Hopewell Designs, која е специјализирана за опрема за калибрација на инструменти во дијагностичката радиологија. Овој уред ќе придонесе за зголемена точност и сигурност при радиолошките испитувања, што е од особено значење за дијагностицирањето и следењето на болестите.

Покрај тоа, воведена е втора смена за микробиолошки анализи, со што оваа лабораторија станува единствена државна установа од ваков вид што работи и попладне. Овој чекор значително ја зголемува достапноста на лабораториските услуги и го подобрува времето на добивање резултати.

Како дополнителна поддршка за здравјето на граѓаните, отворени се и телефонски линии за советување – една за лица кои сакаат да се откажат од пушење, и друга за бремени жени и родилки кои имаат потреба од информации и стручни совети. Со овие сервиси се унапредува пристапот до превентивна и едукативна здравствена грижа.