- 14.05.2026
Недела за подигнување на свесноста за солта
Прекумерниот внес на сол претставува значаен ризик-фактор за покачен крвен притисок, цереброваскуларни и бубрежни болести. Светската здравствена организација препорачува дневниот внес на сол кај возрасната популација да биде помал од 5 грама.
Според проценките на Институтот за јавно здравје, населението во Македонија во просек внесува околу 11 g сол дневно, што е повеќе од двојно препорачаниот дневен внес.
Дополнително, анализата на 221 прехранбен производ покажа дека кај најголем дел од производите содржината на натриум ги надминува препорачаните вредности на Светската здравствена организација.
Највисока содржина на сол е утврдена кај:
• инстант супи и нудли;
• преработено месо и сувомеснати производи;
• солени закуски;
• млечни производи;
• леб и житни производи производи.
Најголемиот дел од внесената сол потекнува од високо преработена храна, поради што е особено важно потрошувачите внимателно да ги читаат декларациите и да избираат производи со помала содржина на сол.
Институтот за јавно здравје препорачува:
• ограничување на високо преработена храна;
• постепено намалување на употребата на сол при подготовка на храната;
• избегнување дополнително досолување;
• користење природни билки и зачини како алтернатива на солта;
• избор на производи со помала содржина на сол.
Намалувањето на внесот на сол претставува една од најефективните и најисплатливи мерки за подобрување на јавното здравје и намалување на ризикот од хронични незаразни болести.

