Во периодот од 23 до 24.03.2015 година во хотел Квинс, Скопје се одржа првата работилница во Република Макеоднија на тема “Развој на знаења и пренос на најдобри практики за биосигурност/биобезбедност/и управување со биоризик “.
Работилницата е организирана од страна на Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија, како директен потписник на договорот за соработка со Универзитетот во Инсубриа – Инсубриа Центар за Меѓународна Сигурност од Италија, и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет Скопје.
Спроведувањето на работилницата е дел од меѓународниот проект организиран од Европската Унија Центарот за Хемиска Биолошка Радиолошка и Нуклеарна одбрана ( ХБРН – EU CBRN), Интеррегионалниот Институт за Итражување на Криминал и Правда на Обединетите нации (UNICRI), Генралниот Директорат за Развој и Соработка на Европската Комисија (DG DEVCO) и Европскиот Сервис за Надворешни Активности (EEAS).
Иницијативата за спроведување на оваа работилница од особено значење и прва од ваков вид во Република Македонија е на Националното координативно тело за ХБРН при Министерството за Надворешни Работи.
Иницијалната цел е да се олесни региналната соработка и да се зајакнат ХБРН политиките и капацитетите во земјите кандидати за Европска Унија.
Цели на работилницата беа:
- Пренос на меѓународните знаења и практики за биобезбедност, биосигурност и управување со биоризик во Република Македонија
- Преглед на опремата и организација на лабораториите за безбедно и сигурно управување биолошки агенси
- Подигнување на свеста за значењето на биобезбедност, биосигурност и управување со биоризик
- Тренинг на лабораториски експерти за биосигурност и биобезбедност
На работилницата беа поканети претставници од осум различни институции: Институт за Јавно Здравје; Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет Скопје; Институт за детски белодробни болести-Козле; Институт за Клиничка биохемија при Медицински факултет Скопје; Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при Медицински факултет Скопје; Војно Медицински Центар; Факултет за ветеринарна медицина; Министерство за внатрешни работи. Претставниците беа со различна експертиза – хумана вирусологија, хумана бактериологија, хумана биохемија, анимална микробиологија, микробиолошко испитување на храна и вода, форензичка лабораторија, но активно вклучени во дискусии и размена на искуства.
Предавачи на работилницата беа Прим Др Голубинка Бошевска, Мсц од Институтот за Јавно Здравје и Асс Др Кирил Михајлов од Институтот за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет Скопје, како едуцирани тренери од страна на Универзитетот во Инсубриа – Инсубриа Центар за Меѓународна Сигурност од Италија за за биобезбедност, биосигурност и управување со биоризик.