1aaa

PRO-METROFOOD е проект во рамките на програмата Horizon 2020 на Европска Унија, чија цел е да ja зајакне метрологијата во областа на храна и исхрана, преку креирање на нова европска истражувачка инфраструктурa METROFOOD-RI “Инфраструктура за Промовирање на Метрологијата во Храна и Исхрана. PRO-METROFOOD е “нов проект” во ESFRI Roadmap 2016 дел “Здравје и Храна”. Во реализацијата на проектот се вклучени учесници од 17 европски земји.

Носител на проектот во Република Македонија е Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗРМ). За остварување на целите на PRO-METROFOOD во Република Македонија ќе се искористат постоечките капацитети на Институтот за Јавно Здравје и на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (партнер на ИЈРЗМ на национално ниво). Овие две Институции ќе бидат дел од мрежата на лаборатории во која се вклучени истражувачки центри на партнерите учесници во проектот. Координатор на проектот на национално ниво е м-р Анита Најденкоска.

Целта на PRO-METROFOOD е да се обезбеди квалитетна и безбедна храна, со промовирање на трансфер на технологии, комуникација и ширење на информации во инерес на потрошувачите. Проектот се  состои од физичка и електронска инфраструктура (P-RI и e-RI). P-RI ќе овозможи развој, производство, карактеризација и сертификација на нови референтни материјали, аналитички методи и опрема (МЕТРО), додека експериментални пилот полиња/фарми, фабрики и лаборатории ќе ги подржат активностите во однос на квалитетот, безбедноста, автентичноста и следливоста, како и карактеризација на сирови материјали и прехранбени производи (ХРАНА).

Со e-RI ќе се обезбедат корисни информации за потрошувачот и други засегнати страни. Дополнително, е-сервисот ќе им обезбеди на  лабораториите  податоци за стандардизација и хармонизација на резултати од анализа на храна (бази на податоци), услуги за корисниците со апликации кои се потпираат на податоците од анализа на храна, информации и тренинзи (e-learning platforms).

PRO-METROFOOD ќе овозможи METROFOOD-RI ESFRI проектот да влезе во активна листа на проекти во ESFRI Roadmap 2018, преку  дизајнирање на стратегија на среден и долг период, создавајќи организациски рамки на инфраструктурата како и демонстрирање на можностите на METROFOOD-RI да обезбеди поддршка во научни рамки. Всушност, главна цел е да се постигне ниво на зрелост на проектот METROFOOD-RI ESFRI неопходно за влез во листата на активни проекти, зајакнувајќи го конзорциумот и планирање на следните фази. Во рамките на PRO-METROFOOD ќе се реализираат лабораториски испитувања со цел да се демонстрира можноста на METRODOO-RI за испорачување на сопствените услуги.

Секако, една од главните цели е интегрирање на METROFOOD-RI во европска мапа и позиционирање на глобално ниво.

За повеќе информации посетете ја веб страната:

www.metrofood.eu