Ј.З.У. ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РСМ – СКОПЈЕ
ул.50 Дивизија бр.6 – 1000 Скопје, Пошт.фах 577
Тел.:  +389 2 3125-044; 3112-174;  Факс:+ 389 2 3223-354
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ВИРУСОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА ДИЈАГНОСТИКА

 

Во Лабораторијата за Вирусологија при ИЈЗ може да се направат следниве тестови за дијагностика на COVID19:

Молекуларен RT-PCR тест, за детекција на SARS-CoV-2 RNA. Тестот детектира истовремено три гена  на вирусот. Цената на тестот е 1850,0 денари. Со сертификат за патување 2000,0 денари.

Брз тест за детекција на SARS-CoV-2 антиген од брис од назофарингс, со Panbio COVID-19 Ag Rapid Test -Abbott Diagnostics.  Тестот е одобрен од страна на СЗО, ЕУ и ФДА. Цената на тестот е 550,0 денари.

Квантитативен тест за утврдување на ИгМ И ИгГ антитела кон SARS-CoV-2.

Тестот SARS-CoV-2 IgGII Qvant за одредување на антитела кон Spike протеинот на вирусот се користи за:

  • Проценка на имунолошкиот статус на лица кои примиле вакцина од било кој производител,чиј заштитен ефект се базира на продукција на антитела кон SARS-CoV-2
  • Проценка на имунолошкиот статус на лица кои ја прележале инфекцијата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2

Тестот се карактеризира со аналитичка сензитивност и специфичност согласно интернационалниот стандард (IS) на СЗО. Резултатот е квантитативен во единици/ мл.

Тестирањето е можно да се изврши на барање на лекар со специјалистички упат, со партиципација од 80 денари  или приватно на лично барање цената на тестот  е 1000,0 денари.

.