СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 26.04-02.05.2021

Тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 26.04-02.05.2021, Р.С Македонија

Неделна за 26 до 02.05.2021

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=349; 16,8%), 40-49 (n=333; 16,0%), 30-39  (n=323; 15,6%) и 20-29 (n=172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=33; 1,6%) и 10-19 години (n=85; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај возрасната група од 50-59 години (45,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.152 (55,5%) лица од женски и 924 (44,5%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 02.05.2021, пријавени се вкупно 152.747 случаи на COVID-19 (I=7382,0/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово, Битола и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга и Радовиш (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 02.05.2021

t13.5

Се забележува намалување скоро во сите градови во државата, освен во Крушево и Демир Хисар каде има процентуално зголемување на бројот на заболени, додека во Пехчево нема промена во бројот на заболени кога се анализираат двата двонеделни периоди. Најзабележително намалување има во Гевгелија, Валандово, Демир Капија, Македонски Брод, Кратово и Дојран. R0 се движи од 0,51 (Дебар) до 1,80 (Демир Капија) (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.892,9 на 100.000 жители, Неготино (11.140,4/100.000) и Скопје (10.926,8/100.000), а најниска инциденца со 3.046,1 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Кумулативна 02.05.2021

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 76.624 машки и 76.123 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.392,4/100.000, а кај женските 7.371,6/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,1 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 39.007 (25,5%) каде што се регистрира и највисок специфичен морбидитет од 10.176,9/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.277,1 и 2.692,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.923 и 6.737 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=152.747)

g13.5

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.932) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 13-тата недела 4 последователни недели се забележува континуирано намалување  на бројот на заболени.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 02.05.2021 (n=152.747)

g23.5

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Трауматологија и КАРИЛ, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ и Институтот за физикална терапија и рехабилитација, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.124 лица (намалување од 21,0%), а од нив 767 се на кислородна поддршка и 38 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 02.05.2021, со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со  Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Регистрирани се 4.961 смртен случај (Лт = 3,2%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=294) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.061) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.059,5/100.000 жители. Регистрирани се 3.086 смртни случаи кај лица од машки и 1.875 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.675 (74,1% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=2.935), дијабет (n=1.248) и белодробна болест (n=547). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 27 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 241 (4,9%) починале во вонболнички услови, а 4.720 (95,1%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 02.05.2021 (n=4.961)

g33.5

Од 15.02.2020-02.05.2021 тестирани се вкупно 725.240 материјали (детектирани 152.747 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 350.498 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=725.240)*

t23.5

*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство

Според исходот од заболувањето, 13.915 лица (9,1%) се активни случаи, 133.871 случај (87,6%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.352 (4,7%) биле хоспитализирани додека останатите 127.519 (95,3%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 02.05.2021 (n=152.747)

g53.5

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=152.747)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 6373 59483 1633 67489
Куманово 990 7262 312 8564
Прилеп 626 7156 405 8187
Тетово 531 6306 285 7122
Битола 867 5025 274 6166
Велес 474 4770 167 5411
Гостивар 330 4571 219 5120
Кавадарци 365 4609 144 5118
Охрид 455 4249 213 4917
Штип 331 4434 135 4900
Струмица 470 3361 190 4021
Струга 155 2605 183 2943
Кочани 183 2438 107 2728
Кичево 249 2129 98 2476
Гевгелија 214 1896 67 2177
Неготино 184 1918 57 2159
Свети Николе 108 1356 29 1493
Ресен 189 989 33 1211
Крива Паланка 60 1092 56 1208
Радовиш 94 942 54 1090
Берово 35 945 36 1016
Делчево 84 832 36 952
Дебар 32 856 43 931
Виница 129 665 31 825
Пробиштип 27 719 28 774
Валандово 53 588 19 660
Богданци 57 425 9 491
Крушево 98 352 31 481
Демир Капија 24 359 11 394
Демир Хисар 66 308 14 388
Македонски Брод 18 324 13 355
Кратово 6 332 15 353
Пехчево 16 240 6 262
Македонска Каменица 16 212 5 233
Дојран 6 123 3 132
ВКУПНО 13915 133871 4961 152747

 

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,71 заклучно со 02.05.2021.

g63.5

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 2, со соодветни капацитети за одговор.

 

За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk

 

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 25.04.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво146.067.511 (5.695.277 во последни 7 дена,

8% повеќе во споредба со претходна недела)

  • Број на смртни случаи на глобално ниво3.092.497 (87.826 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 60.951.004 (1.400.004 во последни 7 дена, 8% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.481.266 (36.530 во последни 7 дена, 7% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 50.714.995 (1.466.680 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.061.218 (25.341 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 19.965.648 (2.269.114 во последни 7 дена, 49% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 958 (17.126 во последни 7 дена, 81% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 8.822.942 (378.248 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 176.950 (6.370 во последни 7 дена, 17% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.274.714 (49.453 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 81.870 (1.155 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 2.337.462 (131.777 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 36.222 (1304 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 03.05.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19