СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 05-11.04.2021

Тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 16,2 до 29,6%, просечно 24,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 05-11.04.2021, Р.С Македонија

неделна 05-11.04

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.106, 30,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.245; 18,1%), 40-49 (n=1.201; 17,5%), 30-39  (n=1.176; 17,1%) и 20-29 (n=711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=112; 1,6%) и 10-19 години (n=316; 4,6%). Се забележува зголемување само кај возрасната група од 0-9 години (19,1%), додека кај другите возрасни групи има намалување на бројот на заболени, со најголемо процентуално намалување кај возрасната група од 20-29 години (22,5%).

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.515 (51,2%) лица од женски и 3.352 (48,8%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 11.04.2021, пријавени се вкупно 142.034 случаи на COVID-19 (I=6.864,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово, Битола и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Крушево и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 11.04.2021

t1 13.4

Најголемо процентуално зголемување на бројот на заболени се забележува во Македонска Каменица, Дојран, Кичево, Битола, Виница, Струмица и Ресен, а најзабележително намалување има во Крушево, Пехчево, Неготино и Демир Капија кога се анализираат двата двонеделни периоди (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.256,2 на 100.000 жители, Неготино (10.619,2/100.000) и Скопје (10.253,4/100.000), а најниска инциденца со 2.823,9 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

кумулативна до 11.04

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 71.611 машки и 70.423 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 6.908,8/100.000, а кај женските 6.819,6/100.000.

 

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 35.281 (24,8%) со специфичен морбидитет од 9.204,8/100.000, а највисок специфичен морбидитет од 9.226,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (25.655 заболени). Најнизок специфичен морбидитет од 1.196,2 и 2.515,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.738 и 6.293 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=142.034)

g1 13.4

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.933) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 6 недели на континуирано зголемување, во текот на минатата недела се регистрира намалување на бројот на заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 11.04.2021 (n=142.034)

g2 13.4

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Урологија, Трауматологија и КАРИЛ, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ и Институтот за физикална терапија и рехабилитација, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.696 лица (скоро идентично со минатата недела), а од нив 1.186 се на кислородна поддршка и 48 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Регистрирани се 4.262 смртни случаи (Лт = 3,0%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 02.04.2021 и 06.04.2021 година (n=45), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=276) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=3.451) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 900,4/100.000 жители. Регистрирани се 2.651 смртен случај кај лица од машки и 1.611 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.084 (72,4% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=2.442), дијабет (n=1.048) и белодробна болест (n=467). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 27 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 204 (4,8%) починале во вонболнички услови, а 4.058 (95,2%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 11.04.2021 (n=4.262)

g3 13.4

Од 15.02.2020-11.04.2021 тестирани се вкупно 670.324 материјали (детектирани 142.034 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 323.962 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=670.333)*

t2 13.4

*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство

Според исходот од заболувањето, 19.978 лица (14,1%) се активни случаи, 117.794 случаи (82,9%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.004 (5,1%) биле хоспитализирани додека останатите 111.790 (94,9%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 11.04.2021 (n=142.034)

g5 13.4

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=142.034)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 9324 52615 1391 63330
Куманово 1211 6190 266 7667
Прилеп 1033 6235 364 7632
Тетово 667 5786 255 6708
Битола 1205 3911 212 5328
Велес 796 4064 150 5010
Гостивар 495 4162 204 4861
Кавадарци 589 4139 116 4844
Штип 452 4009 118 4579
Охрид 750 3625 175 4550
Струмица 527 2955 153 3635
Струга 227 2413 168 2808
Кочани 288 2100 85 2473
Кичево 280 1869 85 2234
Неготино 267 1743 48 2058
Гевгелија 370 1607 57 2034
Свети Николе 129 1226 20 1375
Крива Паланка 90 1003 50 1143
Ресен 233 872 30 1135
Радовиш 143 810 47 1000
Берово 103 807 29 939
Делчево 82 781 32 895
Дебар 59 791 40 890
Пробиштип 68 644 22 734
Виница 102 561 28 691
Валандово 83 486 18 587
Крушево 115 303 31 449
Богданци 69 369 8 446
Демир Капија 57 318 11 386
Демир Хисар 49 288 10 347
Кратово 22 307 14 343
Македонски Брод 42 284 11 337
Пехчево 20 215 6 241
Македонска Каменица 7 204 5 216
Дојран 24 102 3 129
ВКУПНО 19978 117794 4262 142034

 

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Во периодот од 05-11.04.2021 репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,92. Доколку се споредат два двонеделни периоди, се забележува намалување на R0 во периодот 29.03-11.04.2021 (0,97) во споредба со 1,09 во периодот 15-28.03.2021.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Со оглед на последователниот зголемен број на нови случаи, по препорака на Комисијата за заразни заболувања, на 05.04.2021 Владата донесе одлука за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Р. С. Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 20 април 2021 година, затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители, како и целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање. Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 06-20.4.2021 година.

За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 04.04.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво130.184 (4.038.292 во последни 7 дена,

5% повеќе во споредба со претходна недела)

  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.842.325 (71.355 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 56.589.190 (1.3618 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.368.633 (37.185 во последни 7 дена, 15% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 45.877.941 (1.638.947 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 980.586 (24.534 во последни 7 дена, 2% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 15.212.235 (592.349 во последни 7 дена, 36% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 054 (4.317 во последни 7 дена, 46% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 7.693.094 (297.763 во последни 7 дена, 10% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 160.612 (3.699 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.120.296 (58.858 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 78.523 (1.077 во последни 7 дена, 20% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.965.683 (105.757 во последни 7 дена, 25% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 31.904 (543 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 13.04.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19